Започнете↗︎Многу мали бизниси во Македонија работат само преку Facebook и Instagram. Тоа е бесплатно, брзо и луѓето се таму. Па зошто би плаќале за веб-страница? Еве пет причини.
Профилите на социјалните мрежи се под правилата на Meta. Страница може да биде ограничена или суспендирана, понекогаш и по грешка, а враќањето може да трае денови или недели. Во тоа време клиентите немаат каде да ве најдат. Веб-страницата и доменот се ваши и никој не може да ги исклучи преку ноќ.
Кога некому му треба услуга, често прво пребарува на Google. Ако немате веб-страница, Google ќе ги прикаже вашите конкуренти. Со веб-страница имате шанса да се појавите кога некој бара токму она што го нудите.
Пред да купат или да ве повикаат, луѓето сакаат да проверат кои сте. Сопствена веб-страница со вашите услуги, цени, проекти и контакт изгледа посериозно од профил на социјална мрежа и ги одговара нивните прашања уште пред да ви пишат.
Кога Facebook и Instagram рекламите водат до веб-страница, можете да поставите Meta пиксел и да мерите што прават луѓето: кој ја посетил страницата, кој ве контактирал, кој купил. Со тоа можете да им прикажувате реклами на луѓе што веќе покажале интерес, а алгоритамот подобро учи кого да таргетира.
На Facebook важните информации се губат под новите објави. На веб-страницата услугите, цените, работното време и контактот се секогаш таму каде што треба.
Не секој бизнис треба голема веб-страница. За фризерски салон, мајстор, кафеана или консултант често е доволна веб-страница на една страна: кои сте, што нудите, неколку фотографии, цени или пакети и контакт. Кај нас таков сајт чини 230€ и е готов за 1–2 недели.
Ако подоцна ви треба повеќе, лесно се надградува. Колку чинат поголемите сајтови прочитајте во Колку чини изработка на веб-страница.
Facebook и Instagram се одлични за да бидете видливи и да комуницирате со клиентите. Веб-страницата е место што е ваше, каде што ве наоѓаат на Google и каде што рекламите носат вистински резултати. Најдобро функционираат заедно.
Ви треба веб-страница?
Пакети со фиксни цени од 230€. Основните веб-страници се готови за 1–2 недели.